„Некако се начекав себеси во мисли дека е време нешто да се преземе. Ако не сега, тогаш никогаш! Кога ќе остарам да не седам на клупичка и гледајќи ја младината да не тагувам зошто сум можела да го направам тоа, а не сум смеела“, вака 49-годишната Наталија, учителка од селото Туровка во Орловската област (391 км од Москва), ја објасни својата одлука да стане камионџија. За тоа пишува порталот ОрелTimes повикувајќи се на весникот „Наше време“ (Наше время).
Наталија посакала да биде камионџија кога како дете првпат видела човек зад воланот на голем камион. Го оствари својот сон дури во 2018 година – ја напушти работата во училиште и запиша автошкола во градот Ливни, каде што доби дозвола за категорија Е, со право да вози патнички автобус и камион со приколка и товар поголем од 750 килограми.
Потоа се вработи во московска транспортна компанија, каде што почна да вози КамАЗ долг 13,5 метри со носивост од 20 тони. Покрај другото, може да превезува и опасен товар. Дневно поминува 700-750 километри.
Наталија Должикова
Газета Верховье„Скротете ги своите стравови и само напред! Не плашете се дека нема да успеете. Стравувајте што реката на својот живот нема да ја насочите по друго корито“, советува Должикова.
Според зборовите на Наталија (а ги наведува порталот Esquire), таа воспоставила контакт со други „камионџијки“. Сега познава 33 Русинки кои возат камион.
„Жена зад воланот на шлепер првпат забележав во Астрахањ (1300 км од Москва). Сега имаме група во бесплатна апликација за мобилен. Во моментов сме 33 од целата земја. Таму има и девојки од 25 години кои можат секој маж да го „заденат на појас“, раскажува Наталија.
До 2019 година професијата камионџија беше на листата на занимања кои беа забранети за жени. Во август 2019 година Министерството за труд и социјална заштита на РФ ја отстрани таа професија од листата, така што од 1 јануари 2021 година сите дами кои го сакаат тоа можат легално да возат камион со носивост поголема од 2,5 тони.
Со други зборови, забраната е фактички сé уште во сила, но и покрај тоа на „Инстаграм“ може да се најдат неколку жени-камионџии кои водат свој блог. Една од нив е Екатерина Кузнецова. Таа вели дека обиколила 77 региони на Русија (од вкупно 85) и раскажува дека уште на училиште сакала да стане камионџија, но родителите не ѝ дозволиле. На крај се вработила во сервис за камиони, а потоа кришум од родителите положила за соодветната категорија.
„Кога по телефон се обидував да добијам работа сите мислеа дека се шегувам или дека сум го згрешила бројот. По половина година сфатив дека тоа не е решение, туку дека треба да се купи сопствен камион“, раскажува Кузнецова.
Според неа, кога луѓето ќе видат жена зад воланот на камион, веднаш помислуваат дека е феминистка.
„Тие мислат дека тоа е некоја тврдокорна феминистка која се бори за женските права и сака на сите да им докаже нешто. Не е така. Јас не пропагирам ништо слично“, заклучува таа.
Јулија Лазарева од 2013 година развезува коњи, а на „Инстаграм“ пишува дека таа професија ја избрала благодарение на сопствената мрзеливост.
Јулија Лазарева
Сергеј Малгавко/TASS„Ова не е работа. Ова е најлесното занимање што го знам. И уште можете да добиете за тоа некаква ситнурија, што е исто така плус“, одговара Лазарева на прашањата на следбениците.
Јулија Лазарева
Сергеј Малгавко/TASSЕкатерина Громова од Хабаровскиот крај вози камион од 2018 година.
„На пат чувствувам неверојатен мир и опуштеност, си ја одморам душата. Се чувствувам како риба во вода. Среќна сум“, пишува Екатерина во една порака.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче