Портпаролот на Путин објасни зошто рускиот претседател не се вакцинирал против коронавирус

kremlin.ru
Претседателот на РФ Владимир Путин поради функцијата што ја извршува не може да биде доброволец во рамките на тестирањето на руската вакцина против коронавирус, објасни на 24 ноември портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Кај нас сé уште не е почната масовна вакцинација. А како доброволец шефот на државата, се разбира, не може да учествува во вакцинација“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува ТАСС.

Така Песков одговори на прашањето зошто рускиот лидер сé уште нема примено вакцина против COVID-19.

Претходно Песков веќе зборуваше за тоа дека во случајот со шефот на државата постојат посебни мерки на претпазливост. Тој исто така истакна дека Кремљ нема да ја крие информацијата за одлуката на пертседателот Владимир Путин да прими вакцина против коронавирус.

Владимир Путин на 6 октомври изјави дека многумина во неговото опкружување примиле вакцина против коронавирус. Вкупно се работи за околу 50 лица. Според него, кај осуммина од нив дошло до незначително покачување на температурата.

Првата вакцина против коронавирус во Русија ја разви центарот „Гамалејаˮ. Таа го доби називот „Спутник V“. Масовното производство на препаратот почна на 15 август.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња