Во британскиот Дом на лордови доживотно ќе седи барон од Сибир

I-Images/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Синот на руски милијардер и сопственик на два британски весника Евгениј Лебедев стана барон од Хемптон и Сибир. Титулата на високиот благородник на предлог на премиерот Борис Џонсон му ја додели кралицата Елизабета II.

Британскиот државјанин Евгениј Лебедев, син на рускиот бизнисмен Александар Лебедев, доби од кралицата на Велика Британија титула барон (титула помлад пер, најниска титула во високото благородништво), пренесуваат медиумите.

Евгениј Лебедев на тој начин стана барон од Хемптон и Сибир, пер кој доживотно ќе седи во Домот на лордовите на британскиот парламент.

Сопственикот на компанијата Lebedev Holdings, која ги издава британските весници The Independent и Evening Standard, беше препорачан за титулата пер лично од страна на премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, долгогодишен пријател на Лебедев. Лебедев станува член на независната партија во Домот на лордовите, односно нема да претставува некоја одредена политичка сила.

Правило е британската благородничка титула да укажува не некоја област во Велика Британија, а кога се работи за топоним кој не припаѓа на Британија, потребна е согласност од странска држава. Дали Русија е согласна Лебедев да биде нарекуван барон од Сибир засега не е познато.

Александар Лебедев, таткото на Евгениј, до 2015 година беше на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе на Русија. Во 2009 година Александар Лебедев го купи Evening Standard, а година дена подоцна - The Independent. Двата весника во тоа време беа непрофитабилни. За првиот Лебедев плати 8,3 милиони фунти, а за The Independent симболична една фунта. Лебедев Постариот на тој начин стана првиот руски сопственик на британски весник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња