Обама пишува во мемоарите дека Путин изгледа како чикашки моќник, иако е „физички неугледен“

Путин и Обама на самитот на Г20 во Анталија 2015 година.

Путин и Обама на самитот на Г20 во Анталија 2015 година.

EPA
Бившиот претседател на САД Барак Обама наскоро ќе објави мемоари во кои ги истакнува своите книжевни таленти, зборувајќи за политичари и лидери на други земји. На пример, Никола Саркози, според неговите зборови, се перчи како петел што сака да се кара. А Путин го потсетува на чикашки моќник кој живее според законите на улицата, иако е „физички неугледен“.

Во мемоарите под наслов „Ветена земја“ поранешниот претседател на САД Барак Обама го опишува Путин како „физички неугледен“ човек, објави британскиот весник „Дејли Меил“ (Daily Mail).

Меѓу другото, на 768 страници од своите сеќавања Обама им се препушта на емоциите пишувајќи за политичарите и лидерите на другите земји со кои се среќавал во текот на осумте години кои ги помина на чело на државата. На пример, тогашниот претседател на Франција Никола Саркози, според неговите зборови, се перчел како петел што сака да се кара.

Сенаторот на Републиканската партија од Кентаки Мич Меконел „немаше харизма ниту интерес за политика што, сепак, успеваше да ги надомести со својата дисциплина, рационалноста и дрскоста“ во борбата за власт. А сенаторот од Јужна Каролина Линдзи Греам, исто така републиканец, според зборовите на Обама, потсетувал на момче од шпионски трилер кој „ги мами сите за да си ја спаси кожата“.

Претседателот на Русија Владимир Путин, според зборовите на Обама, изгледа како чикашки моќник кој живее според законите на улицата, иако е „физички неугледен“.

Обама исто така тврди дека наводно знае за обидите на Русија да се вмеша во американските избори 2016 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња