Руски студент секојдневно се качува на бреза за да следи настава на далечина

Алексеј Дудоладов, студент на Факултетот за воден сообраќај и транспорт од Омск секојдневно се качува на бреза за да може да ја следи наставата, затоа што дома фаќа само 2G мрежа. Летово стана познат блогер од стебло, но со доаѓањето на зимата заработи воспаление на белите дробови.

„Влегувам во шумата на околу 300 метри и се качувам на бреза. На висина од 8 метри следам настава преку „Зум“ и им објаснувам на професорите дека не ги пропуштам предавањата без причина“, му се пожали студентот на губернаторот на областа Александар Бурков.

Дудоладов летово стана популарен ТикТок блогер со снимки од врв на бреза, но „повеќе не е мај месец“ и младичот веќе заработи воспаление на белите дробови.

Образовната установа вети дека за него ќе изработи индивидуален наставен план.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња