Во Краснодарскиот крај на Русија падна метеорит (ВИДЕО)

Очевидци го забележаа на видеоснимки падот на вселенското тело.

Денеска, 6 ноември, на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која јасно се гледа пад на метеорит во близина на градот Кропоткин. Настанот беше проследен со светлосен блесок. Локалните жители сведочат дека оваа појава се случила вчераутро. Снимките се направени на подрачјето на совхозот „Кубањ“.

Авторот на снимката исто така наведува дека не успеал да го сними целиот лет на вселенското тело, затоа што тоа се случило неочекувано.

„Им го испратив видеото на експерти во таа област. Тие потврдија дека навистина се работи за пад на метеорит што стигнал до површината на Земјата“, пишува жител на реонот.

Се наведува и дека е пронајдено тело со големина на фудбалска топка,

пренесува блогот „Типични Кропоткинˮ.

Пад на метеорит не е ретка појава, меѓутоа вселенското тело често не стигнува до Земјата, бидејќи целосно согорува во атмосферата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња