Феномен на црвено Црно море забележан на видеоснимка

Туристи во руско летувалиште го забележаа на видеоснимка брегот на Црното море кој поцрвене од алги. Снимката од овој необичен феномен е објавена на инстаграм-профилот на една од локалните плажи.

На снимката објавена на социјалната мрежа се гледа како морската вода добила темноцрвена боја и го обоила песокот во зоната на одморалиштето.

Се наведува дека снимката е направена во реонот на плажата Алексино во Новоросијск. „Добро, конечно утврдивме дека тоа не претставува опасност по луѓето и дека оваа појава е мошне честа во нашите краишта“, се наведува во објаснувањето на снимката.

Корисниците на интернетот реагираа на објавата во коментари: „Минатата година беше истото, го снимивме, необично е да се види црвенило“, „Никогаш не сум видел такво нешто... а живеам... 46 години“, „Порано немаше вакви грозотии. Нешто во животната средина не е како порано. Дагњите исчезнаа, медузите се намножија, алгите поцрвенеа“.

На 29 октомври градоначалникот на Новоросијск Игор Дјаченко изјави дека водата во Црното море поцрвенела од алгите кои во периодот на цветање стигнале до брегот. Затоа, уверува тој, нема причина за загриженост: во природната средина макрофитите не се токсични и не претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња