Руската православна црква го претстави проектот за нов храм при Московскиот државен универзитет

fedmp.ru
Храмот кој ќе може да прими илјада верници ќе биде подигнат на Проспектот „Вернадски“.

Проектот на храмот „Св. Кирил и Методиј“ при Московскиот државен универзитет е дело на архитектот Дмитриј Пшеничников, се наведува на сајтот на РПЦ.

Според проект, тоа ќе биде повеќекуполен храм со камбанарија во вид на повеѓеаголна пирамида висока 46 метри. Ќе има две подземни нивоа, каде што ќе се наоѓаат просториите на парохискиот дом и духовниот центар на МГУ. Подножјето на зданието и главните скалила ќе бидат покриени со гранит, ѕидовите со цигла, а крстовите и елементите ќе бидат украсени со ливчиња од титаниум-нитрид кој потсетува на злато. Проектот треба да ги одобрат патријаршијата и Московскиот одбор за архитектура.  

Одлуката за тоа на проспектот „Вернадски“ да се подигне храм при МГУ е донесена 2015 година. Првично беше планирано храмот да се постави на правоаголен стилобат, додека за основа при изработката на проектот е земен храмот „Василиј Блажени“.

Прес-службата на МГУ претходно соопшти дека преку 200 соработници и студенти на универзитетот се обратиле до рускиот патријарх со молба да се подигне храм при ректоратот на универзитетот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња