Оваа станица требаше да се најде под Тверскиот плоштад, кој во советско време го носеше називот Советски плоштад. Меѓутоа, во 1934 година беше донесена одлука на тоа место да се постави подземен одбранбен бункер.
На плоштадот се наоѓаа важни институции. Главна меѓу нив беше зградата на Градската управа на Москва (Моссовет) на адресата „Тверска“ бр. 13 (денес тоа е главната канцеларија на московскиот градоначалник). Отспротива на плоштадот се наоѓаше Институтот „Ленин“ со својата тајна архива.
На двете згради им беа потребни безбедни подземни излези и засолништа, па бункерот „Советскаˮ се најде на вистинското место за таа цел. Исто така, тука се наоѓаше подземниот штаб на Цивилната одбрана на град Москва. Се верува дека тајниот објект што се наоѓа тука функционира и ден-денес.
По одлуката станицата „Советска“ да се претвори во бункер, на потегот долг 2 километри меѓу станиците „Театрална“ и „Мајаковски“ немаше други станици. Дури во 1979 година се појави „Тверска“ (тогаш „Горковска).
Меѓу 1964 и 1974 година старата станица „Калушка“ беше крајната јужна станица на Калушко-Ришката (портокалова) линија. Тогаш беше (а и денес е) надземна станица. Кога во 1974 година линијата беше продолжена кон југ, нова „Калушка“ станица беше подигната во близина (онаа која денес го носи тоа име), додека старата станица стана депо за возови.
Зградата на депото подоцна беше проширена кон исток. Пругите на еден од поранешните колосеци беа отстранети, на друг колосек возовите се сместуваат да ја поминат ноќта, а перонот се користи како магацин.
Приказната за оваа станица е многу слична на претходната. Старата „Првомајска“ станица е отворена 1954 година. Тоа беше крајната источна станица на Арбатско-Покровската (темносина) линији, прва надземна станица на московското метро и негова најисточна станица.
Меѓутоа, во 1961 година беше одлучено Арбатско-Покровска линија да се продолжи за уште две станици и да бидат изградени „Измајловска“ и нова „Првомајска“. Затоа старата „Првомајска“ беше затворена и претворена во дел од депото кое можете да го видите кога се возите од станиците „Партизанска“ до „Измајловска“.
Во депото се оригиналните ѕидови на станицата, проектирани во стилот на сталинскиот ампир, сочувани во првобитната состојба. Некогашната влезна сала денес се користи како сала за конференции. Зад гаражите исто така можете да го видите првобитниот влез во станицата.
Најкраткиот перон во московското метро (само 26 метри) го има станицата „Троице-Ликово“. Тоа требаше да биде потполно функционална станица на делницата меѓу станиците „Крилатско“ и „Строгино“ на Арбатско-Покровската (темносина) линија, што е денес најдолгото растојание меѓу две станици (преку 6 километри).
Првично за станицата под земја беше одреден простор за патнички перон долг 200 метри. Но, во 2008 година, во текот на изградбата на станицата, селото Троице-Ликово (по кое станицата го носи името) доби статус на историски споменик, така што плановите за завршување на изградбата беа стопирани.
Денес станицата „Троице-Ликово“ служи за технички потреби. И понатаму има излез над земјата за итни случаи.
Уште една техничка станица на Арбатско-Покровската (темносина) линија под називот „Објект Д“ никогаш не требаше да биде станица, туку само место за излез за итни случаи. Со оглед дека растојанието меѓу станиците „Крилатско“ и „Строгино“ е преку 6 километри, правилата за безбедност налагаат тука да се најде уште еден излез за итни случаи (освен „Троице-Ликово“).
„Објектот Д“ има два перона долги 40 метри и скалила до излезот над земја. Под земја се користи за замена на персоналот во возовите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче