Попрецизно кажано, возот е современ, со електронско отварање на вратите на вагоните, само што во неговата внатрешност се наоѓа вистинска „временска машина“. Фигурите во вид на костимирани кукли, сместени во автентичен историски амбиент сочинуваат различни композиции во секој поединечен вагон, специјално изграден во ретро-дух на четириесеттите години на минатиот век.
Во вагоните се реконструирани сцени, од оние последните мирни, пред објавата на војна, до оклопен воз со митралески гнезда, мобилна воена болница и штапски вагон. Во одредени вагони со бегалци е реконструирана ситуација на напад на непријателска авијација, во други има војници кои одат на фронтот или победоносно се враќаат дома. Можат да се видат и вагони со ради-телеграфисти и научници. Постои и вагон-концентрационен логор.
Додека одите низ вагоните ќе ве следи звук на тркала и свиреж на локомотива, а однадвор ќе доаѓа артилериска канонада, додека низ прозорците „прелетуваат“ снежни полиња, разурнати градови и запалени села. Реконструирани се дури и „воени мириси“, како јаглен, фенол, кожа од ремен или ткаенина на сарите на војничките чизми.
Фигурите на „патниците“ се запрени во „живи“ пози, делуваат целосно реално и историски автентично, така што во одреден момент неминовно се добива впечаток дека возот навистина води во центарот на Втората светска војна. Во слушалките на аудиоводичкот ќе ја слушнете приказната на Елена Чухњук, машинист, жена која за време на војната ја возела композицијата со оружје и муниција на фронтот.
И дури претпоследниот вагон на „победничкиот“ воз става сé на своето место. Изложбата завршува со празен вагон на обичен електричен воз од поблиското минато. Во него нема фигури, но кога посетителот ќе седна на клупа на прозорците се појавуваат и го гледаат директно во очи фотографии, портрети на војници и офицери кои ги дадоа своите животи за татковината.
Возот-музеј денеска тргнува на патување по Русија. Неговата рута се состои од два дела. Првиот дел ја следи некогашната линија на фронтот и оди преки Псков, Санкт Петербург, Мурманск, Архангелск, Смоленск, Тула, Курск, Владикавказ, Керч, Феодосија, Севастопол, Новоросијск и завршува во Волгоград. Вториот дел на рутата на „победничкиот воз“ по малиот технички сервис води по Транссибирската магистрала на Далечниот Исток. На таа делница на патот „Возот на Победата“ ќе запира не само во големите градови, туку и на помалите станици. Композицијата ќе се врати во Москва на почетокот на идната година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче