Во Волгоград се истражува инцидентот во кој пред два дена учествуваше едно борбено возило на пешадијата БМП-3 во состав на руската армија. Според сведоштвата на очевидците, група професионални војници кои се наоѓале во ова оклопно возило од непознати причини свртела од локалниот пат и се залетале кон заштитната ограда на меѓународниот аеродром во Волгоград. Притоа тие со сета сила ја пробиле заштитната ограда и влегле во кругот на аеродромот.
Инцидент у Волгограду: пијани возач на БМП-3 пробио бетонску ограду и улетео на аеродром pic.twitter.com/PU3Neaijwp
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) October 22, 2020
Инцидентот се случи во атарот на селото Гумрак, кој се наоѓа непосредно до меѓународниот аеродром. Еден од луѓето кои се затекнаа на местото на настанот рече дека при изведувањето на своите редовни активности во дворот на селската куќа одеднаш слушнал силен звук на мотор од непознато потекло. „Најпрвин помислив дека паѓа авион, а кога се свртев видов дека преку долниот дел на дворот пролета оклопно возило на гасеници. Истрчав на улица и повторно го видов истото оклопно возило како се движи по патот на кое седеше лице во цивилна облека. Притоа за малку не ја урнаа куќата на соседот. Го прегазија делот кадешто се наоѓаат дрвата за огрев и влетаа во просторот кадешто порано беше касарната“, рече очевидец на овој настан, пренесува локалниот веб-портал v1.ru.
По повод овој случај се јави и информативната служба на Јужниот воен округ која потврди дека дошло до инцидент со едно оклопно возило на руската армија. Притоа тие соопштија дека „на 20 октомври при движење на воена колона на комуникацијата во непосредна близина на аеродромот Гумрак возачот изгубил контрола над своето оклопно возило при што ја пробил заштитната ограда на аеродромскиот простор“, се наведува во ова соопштение. Притоа немало повредени.
Судејќи според сé, се работи за припадници на 20 гардиска механизирана бригада која во своето вооружување поседува борбени возила на пешадијата БМП-3.
БМП-3 е руско амфибиско борбено возило на пешадијата, директен наследник на БМП-1 и БМП-2. Воведено е во вооружувањето на советската војска уште во 1987 година, кога првпат и е прикажано во јавноста. Неговата основна намена е борба против широк спектар копнени цели (непријателска жива сила и оклопни возила), вклучувајќи и борба против летечки објекти. Во основната конфигурација БМП-3 е вооружен со топ 2А70 со кал. 100 мм, спарен со автоматски топ 2А42 со калибар 30 мм. Од помошно вооружување има уште и три ПКТ со кал. 7,62 мм. Во последно време се експериментира со вградување на современата купола „Епоха“, како и на новиот топ со извонредни тактичко-технички карактеристики АУ-220 со калибар од респектабилни 57 мм.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче