Вежбај насмевка! Дали руските стјуардеси навистина ќе ги носат овие чудни направи?! (ФОТО)

Виталий Белоусов/Sputnik; Aliexpress
Руската авиокомпанија „Победа“ се подготвува да набави три илјади тренажери за зајакнување на мускулите на лицето.

Руската нискобуџетна авиокомпанија „Победа“ во сопственост на „Аерофлот“ на официјалниот портал за јавни набавки објави тендер за набавка на три илјади тренажери за вежбање на мускулите на лицето и насмевката Silicone face slimmer или негови еквиваленти.

Тренажерите се во вид на надуени силиконски усни кои се ставаат на устата и притоа се изговараат согласките и самогласките. На тој начин, според зборовите на продавачот, тренажерот доведува до јакнење на мускулите на лицето, отстранување на брчките околу очите и постигнување на рафинирани контури на лицето.

Тренажерите се продаваат на сајтот „Алиекспрес“ по цена од 2,7 долари. Компанијата е подготвена за три илјади парчиња да плати 540 илјади рубли или 6940 долари. Од „Победа“ напоменуваат дека Silicone face slimmer ќе го користат учениците во нивното училиште за стјуардеси и стјуарди заради вежбање на насмевката.

„Совршената насмевка на стјуардесите и стјуардите е наш стандард. Ние се развиваме, а сите тренажери се индивидуални. Со оглед на стратегијата за раст имаме голем број курсанти во нашата школа. Сакаме со вештината на широката насмевка да завладеат сите кои ја поминале нашата обука, без исклучок“, се наведува во соопштението за медиумите на компанијата „Победа“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња