„Главниот заклучок што треба да го изведеме од оваа несреќа која го снајде целиот руски род е дека ваквите настани бе можат да се случуваат без Божја промисла. Тоа е многу силно и можеби последно ѕвоно за сите нас“, рече патријархот, објави прес-службата на Руската православна црква.
Патријархот исто така истакна дека епидемијата на коронавирусот барала од луѓето да „не живеат според законот на сладострастиетоˮ и да си постават себеси големи самоограничувања.
Претходно во четвртокот беше соопштено дека рускиот патријарх се наоѓа во карантин по контакт со заболен од COVID-19. Во четвртокот тој според традицијата требаше да ја предводи свеченоста по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Св. Сергеј Радонешки во Троице-Сергиевата лавра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче