Владимир Путин
Алексеј Дружинин/ZUMAPRESS.comПретседателот на Русија Владимир Путин призна дека верува во судбина, но додаде дека не смета дека „она што е пишано не може да се избегне“. Судбината може да се промени, рече рускиот лидер во интервјуто за проектот на агенцијата ТАСС „20 прашања за Владимир Путин“.
„За тоа постојат различни теории“, рече претседателот. „Според мене, ако човек е сигурен во себе, во своите сили и, што е најважно, во исправноста на она што го прави, тоа е многу важно и влијае на судбината на човекот“, објасни тој.
Проектот „20 прашања за Владимир Путинˮ, посветен на 20-годишнината од неговата работа на највисоките државни функции, почна на 20 февруари 2020 година. На ресурсите на агенцијата се објавени 17 серии од по 20 прашања. Вчерашната серија одговори беше последната во низата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче