Во разговорот со новинарите шефот на руската држава потсети дека „речиси дваесет години бев член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз“.
„Бев таму, искрено кажано, обичен војник, но, општо земено, идеен член на партијата. Многу од тие вредности од лева природа ми се допаѓаат до ден-денес. Еднаквост, братство, што има лошо во тоа? Тоа е всушност слично на христијанството“, рече Путин.
Одговарајќи на прашањето кој му е поблизок од двајцата кандидати за претседател на САД, Путин одговори дека Демократската партија на кандидатот Џозеф Бајден е „традиционално поблиска до таканаречените либерални вредности, таа е поблиска до идеите на социјал-демократијата, ако се спореди со Европа, а од социјал-демократската средина некогаш настанала и комунистичката партијаˮ. Путин додаде дека, иако многу вредности со левичарска ориентација се „тешко остварливи во реалниот живот, тие сепак се многу привлечни“.
Претседателот на Русија потсети дека афроамериканското население ја сочинува стабилната база на гласачи на Демократската партија на САД „и Советскиот Сојуз постојано го поддржуваше движењето на Афроамериканците за остварување на нивните законски праваˮ. „Уште Коминтерната во 30-тите години пишуваше за тоа дека црнокожите претставници на работничката класа и белите работници имаат заеднички непријател, а тоа се империјализмот и капитализмот. И пишуваа за тоа дека таа групација може да биде најефикасната во идната револуционерна борба. Така што и тука постои нешто што во извесна мера ако не нé обединува и поврзува, барем претставува заедничка вредност. Не се плашам да го кажам тоа, затоа што тоа е така“, рече рускиот претседател.
Путин спомена и дека „ширум Советскиот Сојуз беа истакнати огромни портрети на членот на Комунистичката партија на САД и активен борец за човекови права Анџела Дејвис“. „Затоа тоа е она за што можеме да разговараме и што претставува макар некаква база за заемно разбирање“, додаде шефот на руската држава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче