Приватна архива на Владимир Путин
putin.kremlin.ru„Лични загуби... Заминувањето на родителите на самиот почеток на овој пат. Тоа е најголемата загуба“, рече претседателот.
Во повисоките одделенија на училиште Владимир Путин сакал да биде како Рихард Зорге. А на прашањето кој бил за неговите деца авторитет, Путин изрази надеж дека тоа бил тој, како и за внуците.
Зборувајќи за тоа дали многу се променил кога станал претседател, Путин истакна дека неговите другари од училиште и од факултет велат дека „практично воопшто не се променил“. „Ним отстрана им е полесно да го оценат тоа“, додаде тој.
Шефот на руската држава рече дека не би сакал да ги губи човечките особини, затоа што понекогаш има впечаток дека „од човек се претвора во функција“. „Но, ми се чини дека тоа сепак ми поаѓа од рака, да ги сочувам човечките особини“, додаде тој.
На функцијата претседател постојат многу ограничувања, но и компензација за тие ограничувања. „А најголема компензација е чувството на големо морално задоволство поради довербата што ми ја укажуваат луѓето. Тоа е многу важно“, заклучи тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче