Москва бележи рекордни бројки, Путин предупредува: „Борбата против короната не е завршена“

Alexandar Zemljaničenko ml./Xinhua/Global Look Press
И покрај зголемениот број случаи, властите исклучуваат нов пик на заразата сличен на оној во мај. Вакцинирањето би требало да започне во октомври.

Русија за последните две недели забележа раст на новите случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата до денес заразени се 1 225 889 лица. Според податоците на Центарот за превенција и контрола на заразата со коронавирусот, Москва денес бележи 3 537 нови случаи, што е најголем пораст од 31 мај.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин повтори дека битката против коронавирусот во Русија сè уште трае. Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до сигурносните мерки.

„Борбата против епидемијата не е завршена, таа продолжува“, рече Путин на проширениот состанок на претседателството на Државниот врв. „Драги граѓани, ризикот од заразата е огромен. Ве молиме да покажете максимална одговорност кон себе и кон оние што ве опкружуваат“, нагласи тој.

Путин апелираше до граѓаните да ги почитуваат советите на лекарите, иако денес за вирусот се знае многу повеќе одошто пред неколку месеци, со цел да се зачува здравјето на целата нација, но и да за да се избегне повторно воведување рестриктивни мерки.

Втор бран и вакцина

И покрај сè поголемиот број забележани случаи на зараза со коронавирусот, главниот инфектолог на Министерството за здравство на Русија Владимир Чуланов исклучува повторен пик на заразата кој беше забележен во Русија во мај.

„Според сè, најверојатно нема да имаме пик на заразата каков што беше забележан на почетокот на мај. Сега бележиме очекуван пораст на бројот на случаи од разбирливи причини“, рече Чуланов.

„Моментално бележиме пораст на бројот на случаите, (...) тоа е очекувана појава. Наесен, по празници, по формирањето нови работни, научни и студентски групи, ќе дојде до зголемување на бројот на заразени зашто расте зачестеноста на физичките контакти. Покрај тоа, (...) кон крајот на септември и почетокот на октомври започнува новата сезона на респираторни инфекции, што (...) исто така придонесува за поинтензивно ширење на вирусот. Бројот на заразени ќе расте извесен период“, објасни тој.

Русија најави дека масовната вакцинација против коронавирусот во земјата може да започне веќе кон крајот на октомври годинава.

„Третата фаза од испитувањата на вакцината Спутник 5 би требала да виде завршена кон крајот на октомври. Масовната вакцинација ќе започне штом биде готова третата фаза. Се надевам дека ќе биде успешна“, вели Фјодор Лисицин од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Лисицин додаде дека се разгледува организирано производство на вакцината заедно со странски партнери. „Фармацевтските компании во Индија можат да произведат доволно вакцини за половина планета доколку работат со полн капацитет“, додаде тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња