Необични соседи: Лилјаци ги нападнаа становите на Московјани (ВИДЕО)

Вадим Некрасов/Global Look Press
Лилјаците бараат скришно катче заштитено од студот во кое ќе можат мирно да се сместат и да ја преспијат зимата.

Лилјаците, чувствувајќи го наближувањето на студот, јурнаа во становите на Московјаните. Вести за неканетите гости пристигнуваат од различни делови на градот.

Како што објаснуваат биолозите, овие животни им приоѓаат на становите во потрага по топлина. Тие бараат скришно катче заштитено од студот во кое ќе можат мирно да се сместат и да ја преспијат зимата.

Русија деновите се збогува од топлите есенски денови. Надоаѓаат атмосферски фронтови кои многу бргу ќе го покријат северозападот на земјата, донесувајќи заладување и дожд.

Кон средината на неделата ќе залади и во централниот дел на Русија, каде живата на термометарот нема да го помине 13 степен.

Регионот на рускиот главен град уште една недела ќе ужива во последните зраци на октомвриското сонце, но за викендот студенилото и дождот ќе пристигнат и во тие краишта на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња