Руска Камчатка воведува Министерство за среќа

Андреј Аркуша/Global Look Press
Полниот службен назив на ресорот е Министерство за социјална благосостојба и семејна политика.

На подрачјето на Камчатскиот крај ќе биде воведено Министерство за среќа, изјави губернаторот на регионот Владимир Солодов.

„Важно ми е да го остварам тој премин, да избегам од министерствата на „навредените и несреќните“, ги наведува зборовите на губернаторот службата за односи со јавноста на владата.

Според Солодов, властите продолжуваат да се занимаваат со луѓето кои се наоѓаат во сложена ситуација, меѓутоа главната задача ќе биде тие да станат задоволни.

„Треба да ги направиме среќни, да не се занимаваме само со проблемите кои ги мачат, туку и со тоа луѓето да станат задоволни“, рече тој.

Солодов стапи на функцијата губернатор на Камчатскиот крај на 21 септември по што започна реформа на структурата на владата на регионот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња