„Здо-де-а!ˮ Путин ги коментира карантинот и маските

Kremlin Pool/Global Look Press
„Маските, социјалното дистанцирање, а особено изолацијата, сето тоа на луѓето, без сомнение, им здо-де-аˮ, рече Путин, делејќи го зборот на слогови. „Јас одлично ги разбирам“.

Претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со руската влада многу јасно го изрази своето мислење за маските и карантинот: „Здо-де-а!“

Путин, објаснувајќи ја ситуацијата со порастот на бројот на заболени од коронавирусот во Русија и можноста за воведување нови ограничувања, истакна дека ги разбира оние кои се уморни од правилата и забраните. Истовремено рускиот лидер предупреди на опасноста што ја претставува коронавирусот:

„Маските, социјалното дистанцирање, а особено изолацијата, сето тоа на луѓето, без сомнение, им здо-де-аˮ, рече Путин, делејќи го зборот на слогови. „Јас одлично ги разбирам“.

Владимир Путин, сепак, истакнува дека инфекцијата е „тивок, незабележлив, но опасен непријател“. Затоа треба да се биде особено внимателен. Претходно беше соопштено дека во Москва веќе се воведуваат ограничувања за старите сограѓани. Освен тоа, децата еден месец порано ќе одат на есенски распуст, веќе за една недела. А тој ќе трае не како што е вообичаено 7 дена, туку 14.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња