Петербуржанец постави светски рекорд: Повлече авион тежок 43 тони (ВИДЕО)

Резултатот официјално ќе биде регистриран во декември.

Жителот на северната руска престолнина Денис Вовк, љубител на екстремни авантури, постави неофицијален светски рекорд така што повлече авион Airbus А-319 тежок околу четириесет и три тони.

„Не ми беше тешко, важно е само сé да се направи без грешка. Сакав да покажам дека сé е реално, најважно е да се верува во себе и да се работи“, објасни тој, напоменувајќи дека официјално рекордот ќе биде регистриран во декември.

Денис Вовк спаѓа во најсилните луѓе во Русија во дисциплината екстремна сила во категоријата до 90 килограми и е редовен учесник во руските и меѓународните натпреварувања. Повлекувајќи го авионот, тој постави неофицијален светски рекорд во својата тежинска категорија, бидејќи претходно слични обиди преземаа само атлетичари со тежина преку 150 килограми.  

При првиот обид Вовк го влечеше авионот по подот околу еден метар, а при вториот обид – четири метри. Како што се наведува, леталото можат да го поместат 13 просечни луѓе.

Руските медиуми неодамна пишуваа за уште еден несекојдневен снагатор од Подмосковје – Сергеј Агаџањан, кој постави светски рекорд кога повлече авион тежок повеќе од 16 тони.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња