Според податоците на МВР на Русија (2019), од вкупно 740000 работници во полицијата околу 30% се жени.
Тие се на различни должности, меѓу другото, работат во истражните органи, кинолошката служба, туристичката полиција и администрацијата.
Како и мажите, тие тренираат гаѓање, боречки вештини и потрага по криминалци.
Дарја Јусупова е постар водник. Служи во московската коњичка полиција. Се појави во телевизиска емисија посветена на полицијата. Се бори против стереотипните претстави за разлика меѓу половите.
Дарја не ги дели полицајците по пол. „Во полицијата нема никакви разграничувања меѓу жените и мажите. Сите ние имаме еднакви обврски“.
Светлана Степанова ја започна својата кариера во полициската патрола во Омск (Сибир), а сега работи во одделението за малолетничка деликвенција.
А ова е Лилија Савенкова од Астрахањ (јужна Русија). Работи како иследник во одделението за борба против криминалот.
Сообраќаец во Владивосток (рускиот Далечен Исток). Покажете ја вашата дозвола!
Анастасија Кондакова работи во кадровската служба на полицијата во Иркутск (Сибир). Во 2019 година победи на обласниот конкурс за најубава „жена во униформа“.
Кристина Шубина работи во волгоградската полиција, води популарен блог на „Инстаграм“ и пишува песни. Често јавно настапува на градските прослави.
А ова е Гајана Гариева, началник на информативната служба на МВР на руската република Дагестан.
Погледнете кој е задолжен за редот и мирот на московските аеродроми! Ова е Арина Николаева од полициското одделение на аеродромот Шереметјево.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче