Чистачка во Русија прави божемна конкуренција на избори за претседател на месна заедница и победува!

Алексей Мальгавко/Sputnik
На избори за претседател на месна заедница во Русија случајно победила чистачка! Излегла на изборите, не очекувала дека некој ќе гласа за неа и добила двојно повеќе гласови од довчерашниот претседател.

Чистачката Марина Удгогскаја, која победи на изборите за претседател на селска месна заедница во Костромската област, изјави за медиумите дека има многу планови.

Марина Удгодскаја

Оваа жена, која беше чистачка во зградата на месната управа, беше избрана за претседател на Повалихинската селска населба во Чухломскиот реон, иако призна дека била технички кандидат и требало само да создаде привидна конкуренција на актуелниот претседател.

„Не очекував дека ќе гласаат за мене, не очекував таков пресврт. Ништо не правев, а луѓето доаѓаа и гласаа. Имав 84 гласа, а Локтјев (довчерашниот претседател на месната заедница – заб. на ред.) некаде околу 46“.

Според Удгодскаја, таа позитивно реагирала на резултатите од гласањето. „Ќе има многу можности. За локалните жители. Многу нешта се во план“, изјави таа.

Меѓу другото, избраната претседателка на месната заедница планира да се занимава со чистење на обраснатата локална рекичка, детските игралишта и патиштата. Притоа таа додаде дека во нејзиниот тим ќе останат луѓето кои работеа и во претходната администрација.

Поранешниот претседател на месната заедница Николај Локтјев изјави дека ќе му помага на новиот раководител. „Веднаш ѝ реков дека ќе ѝ помагам. Ние немаме големи проблеми: светло имаме, вода имаме, патиштата ги чистиме зиме. Општината ни помагаше во тешките ситуации. Ќе ѝ помага и нејзе. Веќе имам план со што да се занимавам, но нема да зборувам за тоа. Разочаран сум што загубив“.

Претседателката на Централната изборна комисија Ела Памфилова изјави дека нема никакви неправилности во победата на Удгодскаја, иако таа била само технички кандидат. 

„Таа призна дека била технички кандидат, но тука нема дојдено до никаква измама. Излегла на изборите, жителите гласале за неа, таа како чистачка тоа не го очекувала“, објасни Памфилова.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња