Во Москва наскоро тестирање на првиот трамвај без возач

Moskva Agency
Во Москва ќе биде тестиран првиот самовозечки трамвај. Таквото возило може да функционира речиси 24 часа, седум дена во неделата и притоа строго да се придржува до зададениот распоред и рутата.

„По налог на градоначалникот на Москва продолжуваме да ги поддржуваме новите технологии. Владата на Москва во соработка со компанијата „Јандекс“ наскоро ќе ги почне тестирањата на првиот трамвај без возач. Наскоро во градот би можел да биде покренат електричен превоз“, изјави раководителот на Одделот за сообраќај Максим Ликсутов.

Според него, иднината лежи во градскиот сообраќај без возач. Таквото возило може да функционира речиси 24 часа, седум дена во неделата и притоа строго да се придржува до зададениот распоред и рутата.

Како што истакна Ликсутов, сите споменати факти се важни. По налог на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, претставниците на Одделот за сообраќај продолжуваат да ги поддржуваат новите технологии.

„Се наоѓаме во постојана потрага по нови решенија и сме заинтересирани за тоа високотехнолошки компании како „Јандекс“ да работат во Москва“, додаде раководителот на Одделот за сообраќај на главниот руски град.

Во овој момент на улиците на Москва се присутни околу сто возила без возач кои поминаа речиси пет милиони километри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња