Во Москва е поведена иницијатива за старт на „народен сервис за споделување автомобили“. Таквата замисла на градските власти веќе одамна постои, но сега на неа се работи сериозно, изјави заменик-градоначалникот на рускиот главен град Максим Ликсутов.
Врз основа на овој проект сопствениците на автомобилите ќе можат да ги изнајмуваат своите автомобили на пократко време, кога не им се неопходни. Возилата инаку не се користат деведесет отсто од времето, забележува Ликсутов. Народниот каршеринг би требало да ги растовари патиштата и да им помогне на сопствениците на автомобили да остварат заработувачка.
Во Москва веќе постојат слични сервиси, но во случајов се работи за апликација на руската престолнина. А тоа е своевидна гаранција за безбедноста. Градот ќе води сметка за возачкото искуство и репутацијата на најмувачот. Сопствениците ќе можат самите да бираат кому ќе му го изнајмуваат возилото.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче