Старица од Јакутија (северот на Русија) успеа да уплаши мечка со крик и запален весник, пишува SakhaDay.
Инцидентот се случи во близина на селото Асима во Горниот реон на Јакутија. 84-годишната старица собирала бобинки кога наиде на дивиот ѕвер. Со оглед на тоа дека во минатото се занимавала со лов, бабата не ја изгубила присебноста и почнала да вика. „На рик одговараше со рик, на завивање со завивање“.
Управата на селото Асима го потврди овој настан. Старицата и нејзините роднини одбија да разговараат со новинарите, објаснувајќи го тоа со големиот стрес што жената го претрпела. Како што објасни претседателот на ловечкиот клуб „Киман“ Александар Тастигин, мечка која не подготвила резерви за зима е многу крволочна.
„Од мечка во никој случај не треба да се бега. Далеку сигурно нема да избегате, затоа што таа, иако изгледа бавна, одлично трча на сите дистанци, добро плива и се качува на дрва. Подобро како оваа баба да запалите оган, да направите врева, да почнете да викате. Во краен случај, преправајте се дека сте мртви“, советува Тастигин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче