Најголемиот супертанкер на Венецуела прејде под знамето на Русија

Сликата е симболична.

Сликата е симболична.

Андреј Каменев/Global Look Press
Најголемиот нафтен супертанкер на Венецуела го промени називот и сега е под руска јурисдикција.

Најголемиот супертанкер на Венецуела прејде под руско знаме, соопштува РБК. Тоа е преседан, судејќи според базата на податоци на морските пловила Equasis. Имено, од преку 800 танкери, колку досега имаше под знамето на Венецуела, само во два-три случаи е забележано преминување под друга јурисдикција.

Танкерот чија носивост е 320800 тони, т.е. од класата VLCC (Very Large Crude Carrier), претходно го носеше името Ayacucho (по називот на градот Пуерто Ајакучо во Венецуела), за во мај 2020 година да го добие името „Максим Горки“, а во јуни е запишан во рускиот регистра и сега плови под руско знаме. Тоа е потврдено со изводот од Рускиот меѓународен регистар на пловила, каде што се вели дека супертанкерот е регистриран во Русија на 27 мај 2020 година. Рускиот речен регистар на 20 август му издаде на танкерот свидетелство за класификација.

„Максим Горки“ сега може да биде најголемиот танкер што плови под руско знаме. Пред тоа најголеми руски танкери за складирање нафта беа „Умба“ (носивост 300000 тони) и „Кола“ (309000 тони).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња