Жерар Депардје се покрсти во руска црква во Париз и стана православен

Mikhail Klimentyev/Sputnik
Францускиот актер и руски државјанин Жерар Депардје премина во православие откако се покрсти во црквата „Св. Александар Невски“ во Париз.

„Во нашата црква во петокот вечерта е крстен Жерар Депардје“, рече претставник на црквата и наведе дека на церемонијата присуствувале блиски пријатели на уметникот.

Претставникот на црквата одби да каже кое име Депардје го добил на крстењето.

„Тоа беше неочекуван настан, но многу пријатен“, рече тој.

71-годишниот актер, кој има играно во преку 200 филмови, е руски државјанин од 2013 година. 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња