Спасувачи извлекоа лос од реката Москва (ВИДЕО)

Сергеј Фомин/Global Look Press
Што сé нема во реката Москва!

Спасувачите од рускиот главен град извлекоа од реката Москва лос. Како што се наведува, животното до последниот момент не дозволувало да се збуни, за што јасно зборува изразот на неговата муцка.

Како се нашол лосот во реката, не е познато. Не е наведено ни во каква состојба било животното.

На почетокот на јуни Московјаните забележаа уплашен лос во една улица на југоистокот на рускиот главен град и направија видеоснимка со камера. Како што се наведува, снимен е во реонот Љублино како пасе пред капијата на едно локално училиште. Животното, кое се изгубило, трчаше по улиците на наведениот дел на градот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња