Во едно село во Дагестан (Русија) една жена заспала во дворот и, додека спиела, змија низ устата ѝ се вовлекла во нејзината утроба.
Веројатно спиеле со отворена уста, а змијата малку се „збркала“ – веројатно мислела дека тоа е згодно ново засолниште, па си влегла.
Несреќната жена е успиена со седативи и одвезена во болница каде лекарите со помош на опрема за гастроскопија ја извлекле змијата од желудникот.
На интернет бргу се прошири видеоснимката од која се гледа како жената лежи без свест во операционата сала, а шокираните лекари ѝ ја вадат змијата од уста.
Кога најпосле целата змија е извадена, медицинската сестра се трга со гадење. Зад кадарот се слуша нервозна смеа на друга сестра.
Се проценува дека змијата е долга барем еден метар. По ова што се гледа на снимката немаше никакви вести за здравствената состојба на пациентката.
Кога се прошири веста во вестите и социјалните мрежи, многумина се посомневаа дека снимката е монтирана. Новинарите безуспешно се обидуваа да ја пронајдат жртвата, а локалните лекари тврдат дека кај нив не е извршена слична интервенција.
Стручњак за змии рече дека такво нешто е можно во теорија, но дека веројатноста е крајно мала. Имаше и такви кои не веруваат дека жената не можела да се разбуди додека змијата ѝ се вовлекувала низ устата.
Главното прашање е дали овој случај навистина се случил или е во прашање видео монтажа.
Новинарите со сите сили се трудат да го утврдат идентитетот на лицето на видеоснимката и да ја прашаат како тоа не се разбудила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче