Како да станете учесник на „Ново поколение“ во 2020 година

Россотрудничество
Инструкции за младите лидери од странство.

„Ново поколение“ (меѓународната варијанта е „New Generationˮ) е единствена младинска програма на руската Федерална агенција за сонародници во странство и за меѓународна хуманистичка соработка „Россотрудничество“. Таа ви нуди можност самите да ја откриете Русија и да воспоставите професионални контакти со руски државни и недржавни структури, со младински организации и со организации од граѓанскиот сектор.

Што е тоа „Ново поколение“?

Станува збор за водечка младинска претседателска програма што ја реализира Федералната агенција Россотрудничество од 2011 година и тоа секоја година. Програмата е насочена на создавање услови за одржлив дијалог меѓу младите професионалци од Русија и од другите земји. Во рамките на оваа програма, младите странски претставници на општествените кругови, на медиумите, на дипломатијата, науката и културата ќе земат учество во настани во формат на меѓународни образовни и дијалошки платформи, тренинзи и специјални сесии, спортски и културни настани, кои се спроведуваат на територијата на Руската Федерација. Во изминативе 9 години повеќе од 7.000 активни млади лидери од повеќе од 130 земји од светот можеа да земат учество во програмата на краткорочни патувања во Русија со цел нејзино запознавање.

Секоја година во програмата „Ново поколение“ ќе земаат учество над 1.000 млади лидери. Тоа се млади луѓе на возраст од 25 до 35 години – истакнати претставници на своите професии и насоки на дејност: политичари, научници, дипломати, новинари, општествени активисти и многу други.

Во 2019 година Россотрудничество постави апсолутен рекорд, организирајќи патување на 35 странски делегации од 110 земји во светот во соработка со организации како што се МИА „Росија сиводња“, „Russia Beyond“, „Руското географско друштво“, Фондот Росконгрес, Државната Дума и Советот на Федерацијата, Централниот аерохидродинамички институт (ЦАГИ), Федерацијата за рафтинг на Русија, НИЦ „Курчатовски институт“, АНО „Центар за развој на културните иницијативи“, Општественото младинско движење на Псковската област „Младинска лига на Псковската област“, Рускиот парламентарен Европски клуб, Младинската енергетска агенција на БРИКС. Делегатите на програмата можеа да посетат низа настани со учество на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин.

За тој период 15 града во Русија (Москва, Самара, Санкт Петербург, Ставропољ, Севастопољ, Судак, Псков, Светлогорск, Калуга, Калининград, Иркутск, Барнаул, Нижни Новгород, Иваново, Волгоград) ги посетија 1.004 млади лидери во рамките на настани како што се Сесијата SputnikPro СНГ и SputnikPro МИР, Студентската пролет на земјите од БРИКС и ШОС, V Меѓународен хуманистички Ливадиски форум, Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, Серускиот младински образовен форум „Таврида“, II Форум за развој на парламентаризмот, III Глобален форум на млади дипломати.

Секој проект или смена претставуваат уникатен настан со својата индивидуална работна и културна програма што ја разработува Россотрудничество во тесна соработка со широк круг партнери. Во програмата на патувањата се вклучени средби со дејци од областа на науката и културата, претставници на водечките информативни агенции, посета на органите на државната власт и на општествени организации, а исто така и богата културна програма, во текот на која членовите на делегациите се запознаваат со богатото духовно и културно наследство на Русија.

Во текот на посетите во Русија младите странци се запознаваат со општествено-политичкиот, социјално-економскиот, научно-образовниот и културниот живот во Русија и подготвуваат свои предлози за развој на соработката на руските институти со државите што тие ги претставуваат. Учесниците во програмата имаат уникатна можност не само да ја видат Русија од прозорците на туристичките автобуси, ами и лично да позборуваат со претставници на Државната Дума, на Советот на Федерацијата, Министерството за надворешни работи, со колегите од водечките универзитети, информативните агенции и општествените организации, а најважно од сè е можноста за воспоставување директен контакт со руските колеги.

Како да станете учесник во програмата „Ново поколение“?

Учесници на Програмата можат да станат млади лидери на возраст од 25 до 35 години, кои немаат руско државјанство и кои претходно не зеле учество во Програмата.

Програмата опфаќа претставници на различни сфери на дејност, меѓу кои: млади политиколози и општествени работници, дипломати и парламентарци, новинари, специјалисти од научната сфера, претставници на уметноста и на креативните професии.

За да станете учесник на програмата „Ново поколение“, потребно е да се обратите во Претставништвото на Россотрудничество во Република Северна Македонија, да пополните анкета за кандидатот и да ја испратите на електронската пошта new-generation@rs.gov.ru. За учество во програмата ќе бидат избрани најцелосните и најинтересните пријави на кандидатите, кои се заинтересирани за понатамошна соработка со руските партнери и/или руските центри за наука и култура (РЦНК) по професионална линија во соодветната сфера на дејноста.

Со целосниот список проекти „Ново поколение“ во 2020 година, како и за консултации во врска со прашањата за учество во програмата можете да се запознаете во претставништвото на Россотрудничество во земјава.

За датумите на одржување на офлајн-настаните на програмата „Ново поколение“ во Русија во 2020 по отворањето на границите помеѓу Русија и Северна Македонија задолжително ќе ве известиме во посебен напис. Исто така можете и да нè следите на нашите профили на социјалните мрежи на Фејсбук и на Инстаграм и да ги погледнете сите нови со хаштагот:

  • #Новоепоколение
  • #Newgeneration
  • #Россотрудничество
  • #Rossotrudnichestvo
  • #Новоепоколение2020
  • #Newgeneration2020

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња