Во пресрет на борбата во Есекс многу експерти и навивачи зборуваа дека Дилијан е еден од најопасните противници во кариерата на „Рускиот витез“. Пред сé, Британецот се бореше дома, додуша пред празни трибини. Второ, тој е осум години помлад и, трето, потежок речиси 13 килограми.
Од почетокот на мечот се чинеше дека на Поветкин ништо не му поаѓа од рака. Во четвртата рунда веќе почна да добива директни удари и двапати се најде на подот. Но, во петтата рунда одненадеж дојде до неверојатен расплет. Александар искористи момент на невнимание и му зададе на Британецот многу силен лев аперкат директно во вилицата. Вајт се сруши без свест.
И покрај тоа што британскиот боксер цело време сталожено го „обработуваше“ Поветкин и веќе се чинеше дека му се насмевнува победата, тој ненадејно заврши во нокаут. Така Русинот им даде до знаење на сите дека во супертешка категорија често еден прецизен и моќен удар може да го пресуди мечот.
Maestro Sasha Powietkin 🇷🇺
— Lewitujący Judasz (@Lewitujacy) August 22, 2020
co za atomowe uderzenie! #WhytePovetkinpic.twitter.com/dV158NC9He
Рускиот боксер, кој на 2 септември полни 41 година, стана носител на титулата привремен шампион на светот во верзијата WBC, како и на WBC Diamond појас. Ова беше неговата 25 победа со нокаут. Поветкин има 39 мечеви во професионалниот бокс, од тоа 36 победи, еден нерешен меч и само два порази. Сега Александар ќе има прилика да се сретне во рингот со Тајсон Фјури.
Веднаш по борбата Поветкин изјави дека двата нокдауна во четвртата рунда ни најмалку не се одразија на неговата состојба и раскажа како му појде од рака да го нокаутира противникот.
„Гледав некои мечеви на Вајт и видев дека понекогаш не се брани од удари одоздола. За среќа, успеав добро да го дрмнам одлево одоздола. Можеби тоа ми е и најдобриот удар во кариерата“, објасни тој во директниот пренос на телевизијата „Скај Спортс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче