„Упативме барање на адресата на трите производители на вакцина, а еден од нив е оној кој прв соопшти дека разработил вакцина. Разговарав со нивното раководство и испратив официјално барање во име на Република Српска дека сме заинтересирани да ја добиеме вакцината кога ќе биде сертифицирана. Освен тоа, и претседателот на Владата на Српска Радован Вишковиќ испрати официјален допис со посредство на Амбасадата на Руската Федерација во БиХ. Премиерот рече дека милион парчиња вакцина за почеток би било доволно“, вели Перовиќ.
Зборувајќи за негативните коментари во Федерацијата на БиХ во врска со руската вакцина, Перовиќ наведе дека не може да ја коментира таа ирационална политика, како и дека не знае зошто се негативни коментарите ако некој има некаков добар производ, особено кога се работи за здравјето.
„Колку што знам, беа и против руските лекови. Тие гледаат на Русија како на некоја средновековна држава, а Русија всушност има една од највисоките технологии. Институтот во Новосибирск, кој е еден од водечките во светот за имунологија, има направено многу лекови. Имаат производи по западни лиценци кои се многу поевтини отколку на Запад“, рече Перовиќ.
Тој наведе дека тука станува збор за лобирање на луѓе кои се против руските лекови, а кои се за околу 30 отсто поевтини од оние од Запад, а според квалитетот не отстапуваат, можеби се дури и подобри.
„Колку ќе биде поевтина вакцината, тоа не знам, затоа што станува збор за нов производ. Тоа нивно негодување е политика и нечиј економски интерес“, нагласува Перовиќ.
Тој рече дека засега не знае дали може во скора иднина да се очекува посета на некој од руските официјални лица, но знае дека српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик ќе ја посети Русија наесен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче