Козаците порачаа: „Сé уште ниеден Козак не заболел од корона. Проучете го тој феномен!“

Reuters
Се разболеа сите редум, дури и свештениците, а Козаците не. Зошто, се прашуваат во Советот на атамани на Русија, а уште и им препорачуваат на Козаците да не мерат температура со далечински топломери поради можно „бришење на меморијата“.

Советот на козачки атамани на Русија се плаши од „бришење на меморијата“ со помош на далечински топломер.  

Советот на атамани на Русија, чиј прв заменик-раководител на непрофитното партнерство „Уралски козаци“ е Генадиј Коваљов, им препорача на Козаците да не мерат температура со далечински топломери поради можно „бришење на меморијата“. Како што се наведува во соопштението за медиумите, на Козаците исто така не им се препорачува вакцината против новиот коронавирус додека препаратот не го одобри Светската здравствена организација.

„Не сме против вакцинирање. Треба да се размисли дали антителата кои се развијат ќе бидат исклучиво заштитни и дали нема да предизвикаат отежнат тек на болеста. Не ни се допаѓа што на сите аргументи по повод можната несигурност на вакцината производителите одговараат дека за сé е виновна конкуренцијата. Дури и ние знаеме дека тоа не е научен аргумент“, рече Генадиј Коваљов.

Тој исто така истакна дека во текот на пандемијата ниеден Козак не заболел од заразната болест Ковид-19. „Зошто тој феномен се премолчува и не се проучува? Се разболеа сите редум, дури и свештеници на Руската православна црква, а Козаците не. Зошто?“, се прашува Коваљов.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња