Новата ѕвезда на UFC од Русија – Хамзат Чимаев

Хамзат Чимаев позира пред камерите по победата на турнирот на UFC Fight Night на 26 јули 2020. година во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

Хамзат Чимаев позира пред камерите по победата на турнирот на UFC Fight Night на 26 јули 2020. година во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

Getty Images
Рускиот борач Хамзат Чимаев во еден миг ја стекна наклоноста на раководството на УФЦ и стана најголема надеж во светот на мешовитите боречки вештини.

Рускиот ММА борач Хамзат Чимаев го собори рекордот на УФЦ (Ultimate Fighting Championship) така што во период од десет дена однесе две победи во различни категории (77 и 84 килограми). За само десет дена практично безимениот борач стекна светска слава и сега за него најмногу се зборува како претендент за појасот на УФЦ.

Ниту еден борач пред него нема постигнато вакво нешто.

Препознатлив стил

Хамзат Чимаев (со црвени ракавици) и Рис Маки од Северна Ирска (со сини ракавици), борба во полутешка категорија, UFC Fight Night, 26 јули, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Сите љубители на ММА во светот го споредуваат Чимаев со неговиот сонародник Хабиб Нурмагомедов. Не е ни чудо зашто тие си личат, обајцата се од Кавказ (едниот е Чечен, а другиот Дагестанец), и едниот и другиот детството и младоста ги минале на ринговите во регион каде борењето е национален спорт. И двајцата буквално ги уриваат противниците на партерот, го притиснуваат до мрежата и не му даваат никаква шанса да се одмори и да се извлече од „прегратката“.

Чимаев, како и Нурмагомедов, има обичај да го намами противникот со удар во главата по што веднаш се фрла кон неговите нозе и преминува во партер, каде веќе самиот одлучува како ќе тече понатаму борбата. Наклоноста на љубителите на ММА Хамзат ја стекна со својата агресивност и со неверојатната издржливост. Тој како волк го брка својот „плен“ по кафезот, му се фрла на плеќи и како неочекувано да излегува од разни страни, цело време нанесувајќи му на противникот удари по телото и по главата.

Хамзат Чимаев и Џон Филипс од Велс, борба во средна категорија, UFC Fight Night, 16 јули, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Неговите противници се збунети под дождот од удари и ништо не можат да преземат зашто тој во исто време како наковална ги притиска на земјата како некој ѕвер тежок 80 килограми (иако е поточно да се каже 90 килограми, зашто секој борач наспроти борбата го надокнадува гладувањето пред конечното мерење).

Боречкиот стил на Хамзат Чимаев (како и на Хабиб Нурмагомедов) е еден од најдоминантните во УФЦ. Ниту една школа за боречки вештини на светот засега не може да го пронајде клучот и решението за боречката школа која пред неколку години стаса во УФЦ од рускиот Кавказ (Хамзат има 8 победи и ниту еден пораз, а Хабиб има рекордни 28 победи и ниту еден пораз).

Засега сите се обидуваат да се возврати со удар на колено во главата кога рускиот борач ќе им се фрли на нозе. Најдобар пример за ваквиот потег е борбата помеѓу Хорхе Масвидал и Бен Аскрен која беше завршена за четири секунди. Еве како изгледа тоа:

Против борачите од Кавказ ваквата констразаседа не вроди со плод. Конор Мекгрегор и Дастин Порие се обидоа да го „напукаат“ Хабиб додека се сè уште на нозе, односно додека не преминат во партер, но без успех.

Руски борач со шведски пасош

Последниве десет години Чимаев живее и тренира во Шведска. Целото семејство се преселило кога требало да се оперира братот, па останале таму.

До неодамна Чимаев се селеше и од едно работно место на друго. Час работеше како лично обезбедување, час како исфрлувач во клуб. Како што и самиот тој вели, немал ни „п“ од пари.

„Поканата“ во светот на познатите и успешни борачи на ММА на Хамзат пред неколку години му ја потпиша менаџерот на Хабиб Нурмагомедов Ало Абдел Азиз.

Хамзат Чимаев (во црвени ракавици) слави по победата над Рис Маки.

Својата сегашна работа Чимаев со насмевка на лицето ја опишува со следнава фраза: „Треба само да истепам некого и потоа да си ги земам парите. Барем тоа е лесно“. Планира да ја освои титулата во следниве две години. Отприлика толку трае медиумската подготовката на талентираните новјалии на УФЦ за висок рејтинг во определена категорија.

Според Ариел Хелвани, еден од најеминентните американски новинари кои пишуваат за мешовитите боречки вештини, Чимаев денес е главната млада ѕвезда во светот на ММА каде е практично невозможно да се најде достоен противник.

„Во двете последни борби тој буквално ги претепа своите претходници. Односот на ударите беше 192:2 во негова корист. Сите го согледуваат нивото на Хамзат и никој не сака да биде негова попатна станица во напредувањето кон титулата шампион на УФЦ. Мошне е интересно кој ќе му биде предложен во својство на противник“, рече тој за време на својот поткаст на ТВ-каналот ЕСПН.

Следниот меч на Хамзат Чимаев е планиран за 24 октомври 2020 година. Противникот и местото на одржувањето на турнирот ќе бидат познати на почетокот од есента.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња