Русија испрати во Бејрут лекари и аеромобилна болница

AZIZ TAHER/Reuters
Првиот транспортен авион Ил-76 на Министерството за вонредни состојби на Русија со аеромобилна болница и оперативна група полета за Бејрут, каде вчера се случи силна експлозија.

„Првиот авион полета за Бејрут од подмосковскиот аеродром „Жуковски“, изјавија за агенцијата РИА „Новости“ од информативната служба на министерството.

Како што се истакнува, аеромобилната болница на одредот „Центроспас“ има блокови за интензивна нега, хируршки зафати, консултации и дијагностика, како и лабораторија за вадење и анализа на крв. Болницата може да прими 50 пациенти и две недели може да функционира во автономен режим.

Веќе 30-40 минути по слетувањето лекарите можат да укажат прва медицинска помош.

Во наредните 24 часа ќе полетаат уште четири авиони со руска помош.

Претходно Црвен крст соопшти дека поради експлозијата во берјутското пристанише, можно е да се загинати најмалку 100 луѓе и уште 4000 граѓани се повредени, од кои и околу 50 службеници на ООН.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња