Дејан Ловрен, новиот стопер на руски „Зенит“, покажува заедничка фотографија со Путин

скриншот Zenit Football Club/YouTube
Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен, новиот стопер на шампионот на руската лига, допатува во Русија и веднаш ја покажа заедничката фотографија со Путин. „Лука Модриќ на оваа фотографија е натрапникот“, забележа тој.

Фудбалскиот клуб „Зенит“ на својот Youtube канал објави интервју со хрватскиот стопер кој прејде во клубот од „Ливерпул“. Хрватот покажа на својот паметен телефон заедничка фотографија со Путин од Светското првенство 2018 година во Русија.

„Никогаш ја немам покажано... Момент“, рече Ловрен и ја покажа фотографијата со рускиот претседател.

„Му се обратив на претседателот: Ве молам, претседателе, дали би се сликале со мене? Јас бев единствениот што извади телефон, а Лука само упадна во кадарот“, вели Ловрен.

„И расипа сé“, забележа новинарот.

„Да, Лука е натрапникот, затоа јас постапувам вака“, вели Дејан Ловрен и ја зголемува фотографијата за Лука да испадне од кадарот. „Вака треба да изгледа“, вели задоволно Ловрен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња