Толку голема риба е првпат доставена во поморското рибарско пристаниште во Владивосток, пренесуваат руските медиуми.
„Во пристаништето „Владморрибпорт“ се вкотви бродот „Бухтата на Наталија“, кој достави улов со рекордна големина. Сината туна тешка 184 килограми е успешно складирана во фрижидер. Рибата донесена во пристаништето е уловена со помош на мрежа недалеку од Јужните Курили“, се вели во соопштението.
Според тврдењата на далекоисточните рибари, станува збор за голем успех.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.