Првпат пукал од оружје на 14 години, кога играл „криенка-миженка“ и пронашол пушка „берданка“. Меѓутоа, Анатолиј Стољанков почнал да се занимава со лов од нужда. Имено, по Втората светска војна во земјата владеел глад. Со текот на времето ја засакал оваа активност и тоа му станало професија, пренесува LIFE.
Анатолиј Стољанков на барање на припадниците на Росгвардија го сподели своето искуство со нив и им даде совети за прецизно гаѓање. За помошта и одговорното ракување со оружје му е врачена благодарница.
„Во рамките на превенцијата на прекршоците, земајќи ги предвид неговите заслуги на полето на ракување со оружје, одлучивме да го поддржиме на тој начин“, коментираше заменик-началникот на Центарот за издавање дозволи за поседување оружје на Росгвардија Алексеј Ефремов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче