На руска плажа меѓу капачи одржан тренинг на воена техника (ВИДЕО)

На руска плажа во Република Дагестан е одржан воен тренинг меѓу луѓе кои се капеа во морето.

Според информациите на медиумите, подготовките за поморската парада што ќе се одржи на 26 јули се одржани на брегот во близина на градот Каспијск.

На снимката може да се види како гостите на едно летувалиште заедно со деца се капат во морето додека покрај нив поминува воена техника. „Борбените десантни возила, минувајќи покрај капачите, увежбуваа поминување низ плитко во море”, се наведува во објавата на твитер-каналот на ресурсот „База”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња