Ова го изјави раководителот на Главната управа за миграциски прашања на МВР на Русија генерал-потполковник Валентина Казакова.
„Многу странци се откажуваа од барањето за стекнување руско државјанство поради тоа што беше потребно да се откажат од постојното државјанство или да го достават пасошот кој потоа беше праќан до надлежните државни органи. Од 24 јули без оглед на државјанството наведениот документ веќе никому не се доставува. Освен тоа, имајќи предвид дека странските граѓани заради стекнување одреден статус собираат голем број документи, со барањето за добивање државјанство нема да биде потребно да се доставуваат документи со кои се докажува изворот на приходи за живот, затоа што тоа се врши при предавањето на документите за дозвола за престој“, изјави таа во интервјуто за весникот „Росијскаја газеја“.
Се поедноставува и процедурата за добивање државјанство и за странци кои завршиле руски високообразовни установи. Според претходно важечките закони, беше неопходно да се достават документи врз основа на кои се гледа дали лицето по завршувањето на факултетот официјално било вработено три години, со одбивање на одредени финансиски средства во фондовите за социјално осигурување.
„Имајќи предвид дека споменатата категорија странски државјани е барана на пазарот на трудот и дека се прилагоди на руското општество, сега е потребно лицето наместо три да биде вработено една година“, рече Казакова.
Врз основа на документот објавен на официјалниот портал за правни информации, со законот е предвидена можноста за добивање руско државјанство во поедноставен режим без придржување до условите за должината на престој за секој странски државјанин кој живее во Русија и има работноспособни деца кои наполниле 18 години и се државјани на Русија, а не само оние кои не се работноспособни, како што беше досега.
Покрај тоа, со законот се укинуваат одделни ограничувања за странци-изворни говорници на рускиот јазик, по соодветната процедура и обраќање до територијалните органи на МВР на Русија.
Постои уште една новина. Задолжителна идентификација преку отпечаток на прст за странски државјани и лица без државјанство кои добиваат државјанство на Руската Федерација, а во однос на кои наведената процедура претходно не е применувана. Оваа мерка има за цел осигурување на безбедноста и спречување на влез на територијата на земјата на лица вмешани во терористички активности.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче