Во понеделникот, 20 јули, сопствениците на куќата повикаа спасувачи, затоа што не успеаја самостојно да го отстранат осарникот. Осите напаѓаа секого што ќе му се приближеше. За да ги заштитат децата од убоди, луѓето се одлучија да побараат професионална помош.
Спасувачите во заштитни одела го отстранија осарникот. На профилот на „Инстаграм“ на спасувачката служба на Удмуртија е објавена вест за овој настан со апел до граѓаните да водат сметка за опасноста од убоди на оси.
Претходно беше објавено дека во кинеската провинција Гуангдунг три лица починале, а петмина се хоспитализирани по напад на оси. Овие луѓе се враќале дома од погреб кога ги нападнал рој инсекти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче