Русија стана лидер во Европа по бројот на изградени станови во последните три години

Konstantin Kokoshkin/Global Look Press

Русија стана лидер во Европа по бројот на изградени станови во последните три години. Според резултатите на истражувањето што го спроведе и објави новинската агенција РИА „Новости“, во наведениот период се изградени повеќе од 3,3 милиони станови.

На секои десет илјади луѓе во Русија од 2017 до 2019 година се изградени 227 станбени единици, што е најдобар показател меѓу 29 земји во Европа. Како што наведува агенцијата, во просек тоа би било по една соба на секој жител на Русија. На второ место на ранг-листата е Австрија (207 станови на десет илјади граѓани). Третата позиција ја зазема Казахстан со 181 стан на десет илјади луѓе. Меѓу првите пет влегоа и Финска и Ирска.

Најмалку станови се градат во Италија. Како што наведуваат истражувачите, 26 станови на десет илјади граѓани. Лоши показатели има и Грција, а тоа значи 27 станови на наведениот број луѓе, како и Португалија (34 стана на 10000 жители). Полска, Белорусија, Естонија, Литванија и Украина се пласирани меѓу 8 и 12 место.

Ранг-листата  е составена врз основа на податоците на „Росстат“, „Евростат“ и официјалните статистики на европските земји. Земена е предвид изградбата во периодот од 2017 до 2019 година по глава на жител во 29 земји. Процената на бројот на соби во состав на станбениот фонд по глава на жител е вршена врз основа на податоците за 2018 и 2019 година.

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно овој месец изјави дека владата во овој момент има историска шанса одлучувачки да го реши станбеното прашање во Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња