Во Санкт Петербург, Ханти-Мансијскиот округ и Удмуртија сопружниците можат да добијат 1000 рубли (12,3 евра) за секоја година што ја проживеале заедно. За 50 години брак на тој начин би можеле да се добијат 50 илјади рубли (616 евра), изјави за „Лајф“ (Life) заслужниот правник на Русија, претседател на Центарот за правна помош „Работа на животот“ Иван Соловјов.
Точната висина на исплатите во секој регион може да се дознае во Мултифункционалниот центар за државни услуги (МФЦ), органите за социјална заштита или администрацијата на населбата.
За добивање на овие пари треба да се обратите до МФЦ месец дена пред одбележувањето на годишнината од заедничкиот живот.
Во Москва исплатите во врска со одбележувањето на годишнината од свадбата ќе ги добиваат еден од сопружниците. Во 2020 година се утврдени следниве износи: за 50 години брак може да се добијат 21120 рубли (260 евра), за 55 и 60 години 26000 рубли (325 евра), а за 65 и 70 години 31680 рубли (390 евра).
Како што пишува весникот „Аргументи и факти“, вакви исплати не се предвидени во сите региони на Русија.
Во некои региони за брачните парови кои поминале долго време заедно властите ќе организираат свечена прослава или ќе ги наградат со пригоден медал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче