Според информациите од судот, еден станар кој се скарал со соседите во зградата „систематски спроведувал насилна активност“ правејќи бучава поголема од максимално дозволената. Тој со помош на звучник инсталиран во својот стан им пуштал гласна снимка од коњско ‘ржење и тупот. На тој начин сакал да им се освети на соседите во станот над неговиот кои секое утро тропале со нозе.
Соседите редовно се обраќале до полицијата пишувајќи жалби, по што вознемирувачот е казнет прекршочно со пет илјади рубли (околу 60 евра) кои не ги платил. После тоа против него е покрената кривична постапка според соодветниот член на Кривичниот законик (за мачење). Во текот на истражната постапка беше зад решетки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче