Кадиров ги натера функционерите да прават склекови и ги сними со камера

На снимката се гледа дека Кадиров им ја отежна задачата на своите „пулени“ така што вежбите мораа да ги прават на тесно поставени „склекери“, т.е. рачки за склекови. На чеченските функционери ова „искушение“ им падна мошне тешко.

Снимените сцени ги објави весникот „Комсомолскаја правда“.

Како што истакнува весникот, задачата успешно ја одработил другарот на Кадиров од детството, командирот на одредот спецназ СОБР „Терек“ Абузајд Висмурадов.

Претходно чеченскиот лидер објави видеоснимка од рибарење, каде што ја истакна убавината на водните ресурси на Чеченија и кажа дека риболовот е првокласен вид на активен одмор, додавајќи дека уловил неколку крупни риби и веднаш ги вратил во водата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња