Русија ја укинува двонеделната изолација за сите кои доаѓаат од странство (и воведува тестирање)

TASS
Во Русија од утре (среда, 15 јули) ќе биде укината задолжителната четиринаесетдневна изолација за сите кои доаѓаат од странство и наместо наведената противепидемиска мерка е воведено тестирање за новиот коронавирус.

Ова се наведува во денеска објавениот указ на официјалниот сајт за правни информации.

Од „Роспотребнадзор“ велат дека на сите кои дошле на територијата на Русија без направен тест ќе им биде дадена можност во рок од наредните три дена да се тестираат.

Минатата недела „Росавијација“ најави постепено воспоставување на авиосообраќајот со странските земји. Како што веќе беше пишувано, ресорот се обратил до неколку земји со предлог за воспоставување на линиите кои беа запрени поради коронавирусот.

Како што истакна потпретседателот на руската влада Татјана Голикова, обновата на авиосообраќајот треба да биде заснована на принципот на реципроцитет и со почитување на низа епидемиолошки критериуми.

Русија ги запре меѓународните и редовните чартер-летови поради ширењето на коронавирусот кон крајот на март. Премиерот Михаил Мишустин потоа ги повика сограѓаните во блиска иднина да се воздржат од патувања во странство за да се избегнат ризиците од повторно ширење на инфекцијата во земјата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња