Жителите на Самарската област на Русија ги изненади новата детска игра под назив „Самоизолација“. Се појави пред три месеци и брзо стекна популарност. Возрасните ги објавуваат своите впечатоци на социјалните мрежи.
Суштината на играта е во следново: на земја се цртаат квадрати. Секој квадрат е посебна просторија за самоизолација. Децата се делат на екипи по тројца, а еден тим се полицајци. Со помош на броење го бираат оној што оди во карантин, односно да седи на клупа. На команда претрчуваат од еден „квадрат на самоизолација“ во друг. Ако во самоизолација се најдат повеќе од три лица, добиваат казна. Главното правило е при претрчувањето да викнат „Устав!“. Тогаш полицајците не ги гибаат.
Како што пренесува Радио-телевизија „Самара“, на возрасните играта им е поинтересна од крими-романите. Една жена која ја следела играта го опиша тоа на следниов начин: „Зјапав 40 минути, не можев да го одвојам погледот. Најлудо беше кога еден фантазер влезе во играта и рече: Заразен сум! И почна да ја брка полицијата. Настана тотална мешаница!“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче