Захарова откри како се „ресетира“ после работа

mzakharovamid
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на РФ го откри во интервју за РИА „Новости“ својот начин за емотивно „ресетирање“, кој ѝ овозможува да се опушти после работа.

Според зборовите на Захарова, таа има хоби, а тоа е одгледување дрвја и цвеќе. Таа додаде дека, штом ја попуштила напнатоста околу прашањето во врска со коронавирусот, почнала да оди надвор од градот.

„Многу ја сакам природата и тоа не само да ја набљудувам. Посадив многу дрвја и цвеќе“, рече портпаролоката на Министерството за надворешни работи на РФ, додавајќи дека неодамна ѝ цветале перуниките, за кои луковиците ги добила од Белорусија.

Захарова исто така рече дека во градината има кримски хризантеми, донесени од викендичката на генералниот директор на информативната агенција „Русија денес“ Дмитриј Кисељов во Коктебел, каде што водела конференција за печатот.

„Така што тоа е хоби кое ми овозможува да се опуштам, да се ресетирам и кое многу му годи. Тешко е можеби да се замисли дека имам такво хоби, но така е. На „Инстаграм“ и на „Фејсбук“ често објавувам нешто за тоа, тоа е нешто што навистина ми се допаѓа“, додаде Захарова и призна дека со колегите често разменува луковици, расад и цвеќе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња