Во текот на тв-преносот можеше да се види како возачите излегуваат во маички со натпис „Црните животи се важни“ и „Крај на расизмот“, а при интонирањето на австриската химна на возачите им беше предложено да клекнат. Шестмина останаа да стојат, меѓу нив и Данил Квјат.
Данил Квјат
Hoch Zwei/Keystone Press Agency/Global Look Press„Кога ми предложија клечење како гест на борба против расизмот, сé ми беше малку несфатливо. Тоа е, така да речам, против менталитетот на рускиот народ. Ние, Русите, клечиме пред татковината, знамето и Бога“, рече тој.
„Сите ние возачите сме обединети во борбата против расизмот. Го покажавме нашиот став кога пред трката облековме маички со натпис „Крај на расизмот“, додаде Данил Квјат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче